Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што се уште имаат проблем да се регистрираат во државата како жители е неприфатливо.
Според него, тој кој одлучува и го става својот потпис на државјанството не може да го темели тоа на изјава на некакви сведоци. Сепак, тој ги повика да отворат дебата и да се најде решение кое ќе биде издржано.
-Сакам да се најде решение. Здраворазумско е да не прифатиме сведоци. Мора да има доказ. А може да ги најдеме доказите, свидетелство, документ дека родителот е роден овде, па со тоа и детето кое е овде пораснато, некое остварено социјално право, пред три или пет години… Еден документ да имаме како материјален доказ, за да не им нарушиме идно право на тие кои ќе ги добијат државјанствата, односно некој да им ги доведе под знак прашалник заради сведочењето, рече Заев.