Во изминатите 24 часа, регистрирани се 726 нови заразени со корона вирус од кои половината се од Скопје – 376 случаи, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие, починале седум лица, од кои шест во болнички услови и еден дома. Од починатите, по двајца се од Скопје (77г,74г) и од Кичево (71г, 51г) , и по еден пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г)
Регистрирани се 368 оздравени пациенти.
Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103 746, на починати е 3 151, а бројот на активни случаи е 8 720, од кои најмногу се од Скопје 3 930.