Статистика: Најмногу работници се бараат за во фабрика и во трговија

Во последниот квартал од минатата година имало 7.916 слободни работни места од кои најмногу се во преработувачката индустрија – 2.210 и во трговијата – 1.283.

Според занимања најголем број слободни работни места – 2.044, има во услужните дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,13 отсто има секторот рударство и вадење камен, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места има во Пелагонискиот регион и изнесува 2,37 отсто.

Претходна вестУчевме од случајот со Груевски, вели Заев за тоа како е спречен Мијалков да избега
Следна вестДо четврток топло, за викенд променливо време