Граничната полиција во Словенија секојдневно открива десетици фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирусот, кои патниците ги користат за да избегнат карантин при влегувањето во Словенија.
Во јануари, зголемен број фалц ПЦР-тестови се откриени на границата со Хрватска, извршени главно од патници од Србија и БиХ.
Иако бројот на Словенци фатени со лажен ПЦР тест не е голем, минатиот викенд се фатени 15 граѓани кои се обиделе да влезат во земјата на границата со Хрватска.
Казната за ова дело во Словенија е затвор до три години.