Против педесет и четиригодишна медицинска сестра од Клиниката за ортопедија во Скопје заработи обвинениет бидејќи зела 150 евра мито од син на пациентка која требало да се оперира.
Како што соопшти Обвинителството неа ја пријавиле лекарите кои ја извршиле операцијата откако таа им дала кеса со 150 евра, бонбониера и пијалок од синот на пациентката.
Настанот се случил во септември лани, кога според истрагата сестрата со порака побарала мито. Ѝ биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а кесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалакот им ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава, по што докторите ја пријавиле.