Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека утре околу 14 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник В“, а од среда ќе почне вакцинацијата.
Од руската компанија добиени се сите потребни документи, а Агенцијата за лекови непосредно по ќе ја стави во употреба дозволата.
Иако претходно се зборуваше за 100.000 дози од руската вакцина, Филипче денеска рече дека се работи за 200.000 дози.
Во однос на кинеските вакцини, кои се најавуваа како сигирни, а потоа ни беше вратен авансот, Филипче и натаму тврди дека се завршени сите потребни административни работи и дека само прашање на ден е кога ќе стигнат и тие 200.000 дози.
Деновиве власта лицитира со количина од над два милиони вакцини кои се очекуваат во земјава, но реалноста покажува дека засега се вакцинира само со оние 8.000 кои единствено ги добивме од Србија.
А и процесот не оди нешто брзо, па така ни пола од нив се уште не се искористени, иако процесот почна на 17 февруари, речиси два месеци подоцна од повеќето земји.