Последните 24 часа во Македонија се направени 3.701 тестирања и при тоа регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.
Во главниот град има 375 новозаразени, а 44 лица се заразиле во Прилеп, 35 во Кавадарци, Гевгелија 29, Битола25, Гостивар 23, Тетово 22, Куманово 20, Охрид 16, Штип 15, Крива Паланка 14, Неготино 13, Велес 11, Струмица, Струга и Кочани по 10, Богданци 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево по 5, Валандово 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, а по еден во Кратово и во Демир Хисар.
Починалe 9 пациенти. Четири пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.