Најновите испитувања на јавното мислење покажуваат дека големо мнозинство Јапонци не сакаат странски навивачи на Олимписките игри (ОИ), што треба да се одржат во Токио од 23 јули до 8 август.
Во анкета објавена во весникот „Јомиури“, дури 77 отсто од анкетираните се изјасниле против странски навивачи, поради страв од ширење на заразата, додека само 18 проценти се за „гости од странство“ на светскиот настан.
Претседателот на Организацискиот одбор на ОИ во Токио, Сеико Хашимото изјави дека одлуката за присуство на странски навивачи треба да биде донесена најдоцна до 25 март, кога треба да биде запален олимпискиот оган.
Одлуката за максималниот број гледачи секое од олимписките арени треба да биде донесена следниот месец.
Но и тука мнозинството сметаат дека ОИ треба да се одржат без публика, додека 45 проценти од анкетираните се изјасниле за ограничен број гледачи.