21-годишен скопјанец извршил 33 кражби во Битола и Охрид

Полицијата приведе скопјанец кој извршил 33 кражби на подрачјето на Битола и на Охрид. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид. Од слобода завчера е лишен Р.М.(21) од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Битола и Охрид.

По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела.

-Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, информира МВР.

Претходна вестСЗО не го препорачува „туристичкиот“ Ковид пасош – вакцината не е достапна насекаде
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час не е решение, народот чека вакцини