Реакции по засилената пандемија: Нема да му падне круната на Заев ако пописот се одложи, важно е здравјето на граѓаните

Одржувањето на пописот на населението во услови на се поголем број на заразени лица и по предлогот за воведување на полициски час станува се понеприфатливо за граѓаните. Тие се се позагрижени од можноста да бидат заразени со вирусот преку контактите со попишувачите кои ќе им дојдат дома, а до сега не им доаѓале ниту најблиските.

„Скопско ехо“ вчера ја отвори дилемата – дали треба пописот да биде одложен за неколку месеци додека не се стабилизира состојбата и намали трендот на новозаразени лица, особено откако и самите власти преземаат други мерки за сузбивање на пандемијата.

Голем број на граѓани реагираа на ова со коментари на нашата Фејсбук-страница, како и на останатите социјалните мрежи. Најголемиот дел од нив потенцираат дека пописот треба за кратко да се одложи.

– Одложување! Што е сега ова? Попис во време на пандемија?, ни напиша една читателка.

-Нема да биде ништо страшно, нема да му падне круната од главата на Заев ако се одложи пописот. Важно е здравјето на граѓаните, напишала граѓанка на Твитер.

Дел од граѓаните се категорични во тоа дека воопшто и нема да ги примат попишувачите во своите домови.

-Јас со месеци не сум ги видел внуците, нема да дозволам дома да ми влезе некој од нигде никаде, потенцира една граѓанин на нашата Фејсбук-страница.

-Мене дома нема да ми влезе никој, одложен или не одложен квази пописот, потенцира тој.

За граѓаните е неразбирливо како се воведува полициски час, а се остава пописот.

-Полициски час од 22:00-05:00 кога жив човек нема по улиците, ама затоа во 08:00 часот ти доаѓаат попишувачи кои поминале низ 50 куќи, констатира со чудење граѓанин на Твитер.

Да се надеваме дека ваквите ставови на граѓаните ќе ги натераат надлежните да размислат. До официјалниот почеток на пописот, на 1-ви април, има се уште време да се преразгледаат до сега донесените одлуки за пописот, да се носат ако треба и дополнителни мерки за заштита, да…

Инаку, за одложување на пописот за еден до два месеци неодамна зборуваше и познат доктор и професор во Македонија, наведувајќи дека пописот така ќе може многумина да го направат на отворено во двор или на тераса оти ќе биде потопло, а и ќе има време барем дел од попишувачите да се вакцинираат. Ако дојде вакцината.

Претходна вестБалканската верзија на „Јавна соба“ собрала 36.000 мажи кои разменувале порнографија
Следна вестЛекарската комора утврдила дека немало грешка кога на родилката и биле извадени матката, бубрег и јајник