Компанијата која управува со загребските гробишта и директорот се казнети поради кршење на епидемиолошките мерки на погребот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.
Како што објавија тамошните медиуми, компанијата е казнета со 2.700 евра глоба додека директорот со половина од тоа, а обвинителен акт е поднесен и против Градот Загреб и в.д. градоначалничката Јелена Павичиќ Вукичевиќ, како организатори на погребот.
Инспекцијата утврдила дека на погребот имало повеќе од 1.000 луѓе. За инспекцијата, тоа што имало 4.000 заштитни маски и средства за дезинфекција, организаторот свесно ги прекршил мерките.
На погребот на Мандиќ, кој почина на крајот на минатиот месец, на загребските гробишта Мирогој имало повеќе од 1.000 луѓе, иако според мерките не се дозволени собири на повеќе од 25 лица. Освен тоа, присутните не биле на дистанца, а само некои од нив носеле маски.