Во пораст бројот на ковид -пациенти на болничко лекување – 917 во земјава, нови 24 во Скопје

Вкупнно 917 лица се лекуваат од компликации од кови-19 во болниците во државата.

Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, или вкупно 350 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу приеми има на Инфективната клиника-19, потоа, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ – 13 примени, на интерните клиники имало 8 приеми и во Козле биле примени 5  пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, поради што во Скопје е отворена и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Претходна вестБројот на новозаразени со Ковид-19 зголемен за 23 отсто, најзастапени се лицата над 60 години
Следна вест„Ла верита“ тврди дека Македонија користела фантом – фирма за набавка на кинески вакцини, Заев дава објаснувања…