Трагедија во Војводина: Кучиња до смрт искасале четиригодишно дете на неговиот роденден

Ужасот се случил во војводинскиот град Сента откако неколку кучиња до смрт искасале четиригодишно дете токму на роденденска прослава во дворот на неговиот дом. Полициската управа синоќа во девет часот добила пријава дека брзата помош излегла на лице место и го пренела детенцето во критична состојба во Клиничкиот центар во Нови Сад, каде тоа починало како резултат на каснување од куче.

Како што неофицијално се дознава, кучињата го нападнале детето во дворот на семејната куќа.

Од полицијата велат дека нивните колеги излегле на терен и дека во тек е истрага и реконструкција на немилиот настан, па затоа не можат да дадат повеќе информации за целата ситуација. Вишото јавно обвинителство во Суботица спроведе истрага за оваа трагедија. Високиот јавен обвинител претходно изјавил дека кучињата биле во сопственост на мајката на детето.

Како што се дознава, до големата трагедија дошло кога кучињата се вознемириле при доаѓањето на доставувачот кој донел пицата што мајката на детето ја нарачала за роденден. 

Претходна вестПолицискиот час го прекршиле 12 лица, за неносење маска изречени 408 казни
Следна вестКој е кој на посочените бугарски избирачки списоци?