Судскиот совет денеска донел одлука за разрешување на судијката Софија (Сафија) Лаличиќ од Основниот Кривичен суд во Скопје, за чие разрешување, како што јавија денеска дел од медиумите, одлуката била донесена со 11 гласа „за“ и два „против“.
Лаличиќ се спомнуваше во една од „бомбите“ што ги објавуваше СДСМ, односно снимка од нејзин разговор со некогашниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Пред Лаличиќ разрешени од судии се и поранешната судијка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, по претставката за утврдување одговорност поднесена поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој во меѓувреме, исто така беше разрешен од судија.
На крајот на јануари Судскиот совет ја разреши и поранешната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Татјана Михајлова за нестручно и несовесно работење, за постапување со АКМИ- Системот за распоредување предмети.
За иста работа беше разрешен и Владимир Панчевски, кој одговараше и кривично. Него велешкиот Основен суд за злоупотреби со овој систем, го осуди првостепено на три ипол-годишна затворска казна.