Осум вработени во штипската болница се позитивни на коронавирус – две одделенија пред затворање

Одделенијата за кардиологија и физикална терапија во болницата во Штип не примаат нови пациенти, бидејќи осум здравствени работници се позитивни на ковид-19, соопшти директорот Ален Ѓеорѓијев.

Други лекари и медицински персонал од Одделението за кардиологија се во превентивна изолација и за неколку дена ќе им биде извршено тестирање, по што ќе се знае дали ова одделение ќе продолжи со работа.

На одделението за физикална терапија сите тројца лекари се заразени, а имаат и двајца од здравствениот персонал. Таму за десеттемина пациенти се грижат медицински сестри.

Досега се вакцинирани 35 здравствени работници во Клиничка болница во Штип, а процесот на вакцинација ќе продолжи утре.

Претходна вестПолицискиот час е да се спречат забавите кои се извор на зараза
Следна вестОд товарен воз на Табановце украдени апарати за домаќинство