Шлепер удри во дрво, тоа падна и искрши автомобил: дрвото ли ќе ја плати штетата?

Како филмска сцена од хорор – така изгледаше она што се случи вчера на улицата Св. Климент Охридски во среде Центар. Шлепер од објектот кој се гради до Тутунска Банка, во обид да сврти удри во дрвото, го бутна, по што тоа падна врз автомобил во движење и ја искрши шофершајбната. Трагедијата ќе беше поголема ако настрадаше возачот внатре.

За среќа, според официјалните информации такво нешто не се случило, но дефинитивно се наметнуваат неколку прашања:

-Зарем не е обезбедена зоната на градење до извесно растојание за да не се случуваат вакви нешта?
-Нема ли работници кои би требале да му го помогнат движењето односно прегледноста на возачот на шлеперот?
-Кој ќе ја плати штетата: градежната компанија или? Судејќи според владеењето на правото во нашата земја, веројатно дрвото ќе треба да ги покрие сите трошоци!

До овој момент, од МВР велат работеле на расчистување на случајот.

Претходна вест„Некогаш некаде” – книга со чувства во боја
Следна вест„Култура или фис-култура?“ со протестен перформанс заради игнорантскиот однос на министерството за култура