Голема куќа е опожарена кога избувнал пожар вчера попладне во скопската населба Методија Андонов – Ченто. Само благодарение на брзата интервенција на пожарникарите било спречено проширувањето на огнот на други објекти на улицата „Сава Михајлов“.
Во информацијата која на својот Фејсбук профил ја сподели Противпожарната бригада се наведува најмногу било погодено поткровјето на куќата каде имало и деловен простор. Се интервенирало со осум противпожарни возила и 18 пожарникари.
Причините за пожарот ќе се утврдуваат.