Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализiрани 28 нови пациенти или вкупно 355 лица.
Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Инфективната клиника и на интерните клиники- 12 приеми, додека во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ четири. Во Козле не се примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.
Министерството за здравство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, поради што отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.