Над 18.000 останале без работа изминатата година – во февруари нови 927

Бројот на невработени лица на крајот на февруари изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година, покажуваат податоците од Агенцијата за вработување.

Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18.266 лица.

Меѓу невработените најмногу 31.293 се од Скопје, 20.781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11.765 Гостивар, 6.742 во Битола, 4.468 во Штип….

Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21.360 лица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17.890 и од 45 до 49 години 16.927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17.764.

Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование, потоа со  непотполно средно образование, па со средно, со вишо, со високо образование, а има и 974 магистри и 29 доктори на науки.

Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77.124, Албанци се 53.169, 14.714 се Роми….

 

Претходна вестОд ноќеска ќе возиме на поскапи горива
Следна вестМицкоски на Фејсбук: По бројот на вакцинирани како да сме Африка