До кога бе вака? Се испокараа и за тоа кого се бранел еден адвокат

Нема ден да нема по два – три напади кои ќе си ги разменат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа потоа се прелева на социјалните мрежи и многу граѓани се „глодаат“… и така со години…

Вчера и денес најактуелно им е чиј е сега, а и чиј бил порано адвокат Тони Менкиновски. Прво СДСМ обвини дека во случајот со Орце Камчев и неговото притворање, неговиот адвокат Менкиновски е партиски функционер на најголемата опозициска партија. Потоа опозиционерите возвратија дека истиот адвокат го бранел и лидерот на владечаката партија кога бил обвинет за земање мито. И така во недоглед…

А можеби на крајот ќе се сфати дека Менкиновски сепак првенствено е адвокат кој, како што тоа му налага професијата, ги застапува оние лица кои бараат правна помош.

Но, дали партиите ќе сфатат дека претераа со жолчни и ниски расправи беа потреба освен пропаганда? До кога се што може да се искористи за пресметка, за предизвикување на кавга, продлабочување на поделби… се користи до максимумот?

Во меѓувреме: здравствената криза со корона вирусот расте ли расте, остануваат без работа на илјадници лица, блокирана е евроинтеграцијата, образованието крахира…, ама ресурсите се трошат на окткривање кого бранел некој си адвокат.

А до вчера ги слушавме (исто така често како и нападите) како и мислат само добро на Македонија, како што ги слушавме и повиците на Пендаровски и Заев за меѓупартиско помирување, обединување, заедничко собирање и исправање пред предизвиците пред кои се наоѓа државата…

Претходна вестДури 21 смртен случај за 24 часа: Скопје станува жариште на ковид
Следна вестТри дена се збореше за расипаниот путер, на крајот фирмата казнета со 1.500 евра