Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астра Зенека“ против ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени проблеми биле предизвикани од вакцината.
И британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека оваа вакцина е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.
Ист став со СЗО и Британија има и Европската агенција за лекови (ЕМА) која исто таа објави дека нема докази оти вакцината на „Астра Зенека“ која се распределува во земјите преку Ковакс механизмот е причина за здравствени поблеми како згрутчување на крвта или смрт во повеќе земји, кои го запреа нејзиното користење.
Се работи за десетина држава од Европа, меѓу кои и Германија, Италија и Франција кои овие превентивни одлуки ги објавија денеска и чекаат мислење од ЕМА.
Од регионот тоа го направија Хрватска и Бугарија.