Во Србија ќе работат само продавници за храна, аптеки и безнински пумпи

Од утре па до понеделник во Србија ќе работат само продавници за храна, аптеки и безнински пумпи. Oва е одлука која денеска ја донел Кризниот штаб на Србија со која се заоструваат превентивните мерки против ширењето на корона вирусот. Ваква мерка беше применета во текот на изминатиот викенд, а сега се реши да се применува и во претстојниот период. Полициски час нема да биде воведен.

Медицинскиот дел од Кризниот штаб барал мерките да се применуваат 14 дена, но тоа не било прифатено. Премиерката Ана Брнабиќ апелираше за максимална дисциплина за овие мерки да не бидат продолжени од следниот понеделник.

-Ова е компромисно решение, разговаравме долго и тешко. Ние продолжуваме да се обидуваме да најдеме најдобра можна рамнотежа помеѓу заштитата на здравствените работници, заштитата на работните места и поддршката на националната економија и менталното здравје. Треба дополнително да го забавиме животот во Србија, со цел да видиме дека бројот на новозаболени стагнира, а тоа првенствено е поддршка на нашите здравствени работници – рече Брнабиќ.

Државните институции продолжуваат да работат.

Во скијачките центри ќе бидат затворени кафулињата и рестораните. Хотелите ќе бидат отворени, но исто така ќе има и построга контрола, а Брнабиќ додаде дека медицинскиот дел од Кризниот штаб бара да бидат затворени и скијачките центри.

И покрај успешната вакицинација со која до сега се опфатени повеќе од два милиони граѓани, Србија се соочува со голем број на на новозаразени лица. 

Претходна вестДете се задуши во пожар во Гостивар, жена во критична состојба
Следна вестВМРО-ДПМНЕ со иницијатива Филипче да биде разрешен