Камчев останува во притвор

Орце Камчев останува во притвор, откако вечерва Кривичниот суд во Скопје соопшти дека му е одбиена жалбата и се потврдува одлуката на судијата на претходна постапка за 30 дневен притвор.

Камчев, во неделата (14 март) поради опасност од бегство доби 30-дневен притвор, кој го побара ОЈО за гонење организиран криминал и корупција по добиена белешка од АНБ.

Адвокатот на бизнисменот, Тони Менкиновски, пак, тогаш обвини дека судот одредил притвор без никакви докази туку само врз основа на индиции бидејќи, како што рече, двата пасоши (македонскиот и бугарскиот) на Камчев се во судот, а има приложено и гаранција во имот дека нема да бега.

Тој рече дека одлуката ќе ја пбжалат пред Европскиот суд за човекови права.

Претходна вестУтре состанок на Комисијата за заразни болести- Прилеп бара полициски час од 19 часот
Следна вестУнијата на жени в сабота со протест за случајот со родилката од Дебар