МВР со детали за акцијата кај Велешта: „Тигрите“ ги уапсија браќата Бојку

Полицијата издаде официјално соопштение за апсењето на Ербен и Бесник Бојку, синови на ликвидираниот Дилавер Бојку. Тие се приведени вчера на патот Струга-Дебар крај Велешта, каде живее семејството Бојку.

-На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година, соопшти од МВР.

При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол.

Нивниот татко, познат како макро и бизнисмен Дилавер Бојку – Леку кој е и осуденик, беше убиен пред својата кафеана на плажа во Струга во 2017 година. Тој беше застрелан со куршум во чело. 33-годишниот жител на струшко село е осомничен за убиството.

Претходна вестСо Одлуката Водно да биде заштитено подрачје ќе се запре урбанизацијата додека не се донесе план
Следна вестПочина Мирко Илиевски – поранешен фудбалер на Вардар