На 19.03.2021 во 18.30 часот во место викано „Тумба” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(31) и П.Г.(28), двајцата од Струмица. При нивен личен и преглед во возилото „бмв“, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.