Шкендија го декласира Вардар

Лидерот во македонскиот фудбалски шампионат, Шкендија, го декласира Вардар, во 24.коло. Шкендија, во Скопје, забележа победа со 6:1. Победи со пресврт над опонентите забележаа Шкупи и Македонија ЃП.

Вардар, први постигнаа гол против Шкендија, преку Мирчевски во 10.минута и тоа беше се што направија против лидерот. До крајот на полувремето, Шкендија преку Рамадани и Ибраими, во 27 и 34 минута направи пресврт во резултатот. Во вториот дел Шкендиа испорача уште четири гола во голот на Вардар, својот втор гол го постигна Ибраими, а стрелци беа и Дориев, Хебај и Елези.

Денешната победа е најубедливата за Шкендија во дуелите со Вардар.

Шкендија со оваа победа ја задржа предноста од седум бода на врвот, во однос на Шкупи.

Резултати:

Вардар-Шкендија 1:6
Силекс-Шкупи 1:3
Академија Пандев-Струга 1:0
Беласица-Работнички 1:1
Ренова-Македонија ЃП 1:2

Табела: 1. Шкендија 53, 2. Шкупи 46, 3. Македонија ЃП 41, 4. Струга 32, 5. Работнички 33, 6. Борец (-1) 32, 7. Пелистер 28, 8. Академија пандев 28, 9. Вардар 27, 10. Силекс 26, 11. Ренова 24, 12. Беласица 14.

Претходна вестСкопјанец нападнат во автобус на ЈСП
Следна вестРакометарките обезбедија бараж за СП по денешната победа против Литванија