Во Скопје Север повреден 27 годишник откако во него било пукано

Во десна натколеница е рането едно лице откако во него било пукано од огнено оружје синоќа во скопската населба Скопје Север.

-На 20.03.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гоце Стојчевски“ едно лице пукало кон Е.И.(27) од Скопје и со куршум го погодил во десната натколеница. На Е.И. му е укажана помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека на партнерот на Царовска му дава бизнис, од Градот Скопје возвратија дека тоа се лажни вести
Следна вестФилипче: Полицискиот час ќе остане на сила, а ќе се разговара за дополнителни мерки