Од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Во изјавата за телевизијата Сител тој рече дека за евентуална дополнителна рестрикција ќе се разговара во текот на неделата
Пред здравствените власти ќе се најде можноста да се скрати работното време на угостителските објекти и продолжување периодот за забрана за движење на граѓаните.
-Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти коишто се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети коишто со менаџирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови – рече Филипче.
Новата одлука за продолжување на траењето на оваа рестрикција ќе биде доставена денеска од Комисијата за заразни болести до Владата.