Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.
Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март, а истекуваше денеска.
Целта на неговото воведување, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.
И покрај секојдневниот голем број заболени, здравствените власти сметаат дека засега нема потреба од други рестрикции.
Следните, доколку се процени дека е потребни, би биле продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на кафеаните.