Вкупната бројка на пациенти со ковид кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие само во Скопје биле примени нови 54 ковид-пациенти поради компликации со вирусот, со што вкупната бројка е 549 лица кои се сместени во ковид-центрите во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 3 пациенти и 5 на Инфективната клиника, додека во Козле нема приеми во овој период.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 766 пациенти позитивни и сомнителни на корона-вирусот.