Досега најголем број на пациенти, 1.427, заболени од Ковид-19 се лекуваат во ковид-центрите во Македонија во кои останале уште 270 слободни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од заболените во Скопје се лекуваат 592 лица, а во другите градови 835. Од слободните кревети, 60 се во скопските ковид-центри.
-Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив 24 приеми биле на Интерните и хируршки клиники, 16 во ГОБ „8 Септември“, 7 на Инфективната клиника, 20 во болницата во Козле, а на Клиниката за детски болести биле примени 6 деца, се наведува во информацијата.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, на Клиниката за инфективни болести 133 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица, на Клиниката за детски болести има 21 пациент, а на ГАК 7 пациентки.
Најмногу заболени се лекуваат во Прилеп -120, а потоа во Куманово-116. Во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти со ковид-19, во Штип се хоспитализирани 60 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, а во Велес се лекуваат 71 пациент. Во ковид-центарот во Охрид има 94 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар 38, во Струга 12, во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и сомнителни на корона вирусот.