Кризниот штаб на Србија одлучи на граѓаните на Србија и на странските државјани кои се целосно вакцинирани со вакцинините на „Синофарм“, „Фајзер“ и „Спутник“, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината „Астра Зенека“, да им биде дозволен влез во земјата без негативен ПЦР тест или изолација.
Целосната вакцинација вклучува две дози на вакцинација на „Фајзер“, „Спутник В“ и „Синофарм“. Бидејќи „Астра Зенека“ моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација.