Дваесет и тригодишна девојка од Кичево и 24-годишна пациентка од Скопје се двете најмлади жртви од ковид меѓу 17-те смртни случаи во изминатите 24 часа во земјава.
Според објаснувањето од Министерството за здравство, девојката од Кичево имала и други хронични заболувања, а ковид само и ја комплицирал здравствената состојба.
Девојката од Скопје, пак, починала на Инфективната клиника каде се лекувала последните денови, и каде била пренесена од еден од ковид-центрите на интерните клиники.
Претходно таа се лекувала дома, со антибиотик, по препорака на матичниот лекар.