13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски

Насер Ештрефи доби 13 години затвор за убиството на младиот Ангел Петковски што се случи во 2014 година. Во казната е пресметано и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор, речиси седум години.

За потсетување, убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот почна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи кој бил во сопственост на матурантот Ангел.

Инаку, Ештрефи претходно беше осуден на 14-годишна затворска казна. Врховниот суд ја укина пресудата и судењето го врати на повторно одлучување.

Претходна вестМВР го згреши датумот или организаторот на протестите за „Монструм“ се пишмани?
Следна вестРасте бројот на починати од ковид: 33 лица за 24 часа и нови 1.422 заразени