Од полноќ почнува летното сметање на времето

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.

Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Претходна вестСончево, до 18 степени
Следна вестВакцина- викенд во Србија: На Табановце се чека по 40 минути за излез