Вакцина- викенд во Србија: На Табановце се чека по 40 минути за излез

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини.

Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.

Причина е што голем број наши државјани викендов одат во Србија каде имаат термини за вакцинирање.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестОд полноќ почнува летното сметање на времето
Следна вестЌе го лета ли Скопје скапо изнајмениот дрон?