Вчера напишани над 90 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречена е вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, шест санкции за возење без возачка дозвола, две за технички неисправни и нерегистрирани возила.

МВР денеска соопшти дека се изречени и две санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 31 за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестИ угостителите денеска и утре на вакцинација во Србија
Следна вестВо Скопје нови 66 хоспитализирани поради ковид – вкупната бројка во државата се доближува до 1.500