На Граничниот премин Табановце од полноќ до 10:00 часот денеска од земјава излегле 2 139 лица, а влегле 1 095 лица, соопштија денеска од МВР.
Претпладнево нема гужва на овој граничен премин, но има поголема раздвиженост на автомобили кои се упатуваа кон Србија.
Дел од граѓаните кои патуваат кон Србија потврдуваат дека одат за вакцинација, некои иднивидуално, а некои преку Стопанската комора, како дел од договорот на стопанските комори на двете земји.
Утрово и АМСМ извести дека има метеж на ГП Табановце и дека се чека 40 минути за излез од државата кон соседна Србија.