Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини, а премиерот Бојко Борисов најави дека ќе предложи 5.000 да бидат испратени кај нас, изјавил денеска Борисов.
Бугарискиот премиер уште во декември на владината седница во Софија, на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче, рече дека од секоја пратка на вакцини кои ќе стигнуваат во Бугарија, ќе се одвојуваат и за Македонија, но засега не сме добиле ниту една.
Во меѓувреме, Бугарија заедно со уште пет други членки на ЕУ побара да се смени начинот на распределба на вакцини во рамки на ЕУ, бидејќи се соочуваат со недостиг.