Филмскиот актер, пејач, композитор, писател кој беше голема ѕвезда во поранешна Југославија, Зафир Хаџиманов почина денеска на 77-годишна возраст од ковид, објавија медиумите во Србија.
Тој беше роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци.
По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец.
Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.