Во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај 3.889 лица меѓу 11.442 тестирани примероци. На веб-страницата covid19.rs стои дека нови 39 пациенти починале.
Во моментов има 6.967 пациенти во ковид-болниците низ целата земја, од кои 269 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани се 3.374.035 луѓе, а инфекцијата е потврдена кај 585.506 лица.
Вкупно починаа 5.190 лица, со стапка на смртност од 0,89 проценти.