Нови 74 хоспитализирани во Скопје за 24 часа – вкупно во земјава има 1.577 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 74 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти и 10 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Вкупно во сите ковид-центри во земјава се лекуваат 1.577 пациенти.

Претходна вестНека го намалат бројот на советниците кога веќе менуваат правила за локални избори
Следна вестИзмените за одложување на пописот денеска на Влада, утре во Собрание