Измените во Законот за попис со кои тој се одложува за септември ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце и по скратена постапка, како што беше предлоѓен и самиот закон, најави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.
Измените според него се мали, за кои што не треба премногу време. Тие се подготвуваат во моментот и ќе бидат предложени за разгледување и усвојување на уште на денешната седница на Влада.
Измената се сведува на две прашања – датумот на пописот и рокот за попишување на дијаспората.
– Датумот на пописот е во една одредба и наместо од 1 до 21 април ќе го ставиме од 5 до 30 септември и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна до 30 септември, кога треба да заврши теренскиот дел на пописот, рече Маричиќ.
Доколку претседателот на Собранието и координаторите направат добар план, поред него, сосема е изводливо уште утре, овој закон да биде усвоен.
Но дали тоа е оствариливо останува да се види, особено што опозициските партии Алијанса и Алтернатива најавија дека ќе го блокираат одложувањето на пописот преку бадентеровиот принцип на изјаснување.