Едно починато лице е пронајдено синоќа во скопската општина Аеродром, информира денеска полицијата.
Во Полициската станица Аеродром, од Итна медициска помош во 21.40 часот било пријавено дека на ул.„Фрањо Клуз“ бил пронајден починат П.М.(37) од Скопје.
-Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Известен е Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.