Македонија очекува Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор за случајот „Монструм“ а кој завчера беше приведен во Приштина. Премиерот Зоран Заев денеска во Велес изјави дека тоа ќе биде потврда на меѓународни договори.
-Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовски власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и Македонија се имаат обвразано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји. Секако, никој не е виновен додека со правсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој слулај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето, рече Заев денеска во Велес, одговорајќи на новинарско прашање.
Адвокатот на Исмаиловиќ Бесник Бериша вчера во Приштина изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор. Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово. Во 2016 година Основниот суд во Приштина донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.