Заев го најави, Села и Гаши ќе го соопштат: В понеделник решение на проблемот со државјанствата

В понеделник на состанокот со Алијанса на Албанците и на Алтернатива ќе се затвори прашањето начинот на кој ќе се добива државјанство, на чие решавање инсистираат овие две партии кои поднесоа и предлог-закон со чие донесување го условуваат одблокирањето на Собранието.

Премиерот Зоран Заев денеска беше сигурен дека решението ќе се постигне в понеделник, како што рече, знаејќи ги сите детали од анализите, и по средбите со министрите за правда и за внатрешни работи.

Тој не откри детали, туку само кажа дека условите ќе бидат исти како и регионот и во Европа, но решението ќе им го остави да го соопштат Гаши и Села.

Законското решение ги опфаќа и барањата на опозицијата, а целта е граѓаните кои бараат државјанство да го добијат.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов планира 175 нови партиски вработувања во изборна година
Следна вестМакедонија напредуваше три позиции на ФИФА ранг листата, после победата над Германија