Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 672 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 примени пациенти и 12 на Инфективната клиника, во Козле биле примени 3 и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.724 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид – центрите.