Додека трае здравствената криза нема да се дозволи да работат рестораните за свадби.
Со ваква изјава, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи конечно ја разреши дилемата дали со посебни протоколи и делумен капацитет, објектите за организирање веселби, по една година ќе ги отворат своите врати.
Владата ќе направи се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки, како најпогоден, не само тука туку и на светско ниво.
-Тие беа едни од целните групи кога го дадовме бескаматниот кредит КОВИД 1 кој беше наменет само за угостителскиот сектор. КОВИД 4 што го најавивме во петтиот пакет на мерки е исто така за угостителскиот сектор каде може да аплицираат и рестораните за свадби и каде наведовме дека освен кредит со 0 проценти камата, ќе има дел неповратни средства ако работат позитивно до крај на годината, рече Битиќи.