Сончево со слаб ветер, температура до 14 степени

Во Скопје денеска ќе биде сончево време со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во другите делови од Maкедонија ќе преовладува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Претходна вестОткажани концертите во Филхармонија за 15 и 22 април
Следна вестКои скопски општини лани го зголемиле бројот на вработени, а кои го намалиле…