Негрижата да не биде поголема штета од пожарот што ја зафати „Пошта“

Со прогласување на зградата на Главна Пошта во Скопје за еден од седумте најзагрозени споменици во Европа оваа година, е аларм за подигнување на свеста, вели генералниот директор на А.Д. „Пошта“, Јани Макрадули.

– Се направи првиот чекор, не смееме повеќе да дозволиме нашата негрижа да биде пострашна од пожарот. Овој почеток нека биде поттик за мобилизирање на потребната јавна, стручна, меѓународна, но и поддршка на приватниот сектор, вели Макрадули.

Овие седум објекти и локалитети кои се најдоа на листата на Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе добијат грант во висина до 10 илјади евра која е симболична, а раководството на Пошта смета дека неопходна е институционална, техничка и кадровска поддршка од Владата и другите релевантни институции, како и од целата научна и стручна јавност, но и тимска структура за јавен интерес.

Централната пошта е објект со модернистички и бруталистички архитектонски стил од повоената ера, финализиран во 1974 година. Изработен е од армиран бетон, во форма на цвет од лотос за да ја симболизира реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес во 1963г.

Зградата преживеа огромен пожар во 2013 година. Првичното застаклување на куполите и муралите на Борко Лазески, како и специјално дизајнираните мебел и осветлување, беа целосно уништени или претрпеа сериозни оштетувања.

Објектот е уште повеќе загрозен од неупотреба, засилено со ерозијата предизвикана од покачување на подземните води поради непосредната близина на реката Вардар. Бидејќи зградата се уште е без покрив, таа страда од директната изложеност на атмосферски влијанија со врнежи од дожд и снег кои продираат во целата нејзина внатрешност.

До сега многу пати беше ветено дека ќе се санира, ама…

 

Претходна вестСе вакцинираат наставниците од прво до трето одделение во Аеродром
Следна вестГерила – акција на Кејот: ВМРО-ДПМНЕ исцрта над 4.000 срца во спомен на жртвите од ковид